Економија, финансии, бизнис

Контакт

СНЕГОТ НАПРАВИ ХАОС ВО РОМАНИЈА: Не работат школи, болници, БУКУРЕШТ Е БЕЗ СТРУЈА НА -18!

СНЕГОТ НАПРАВИ ХАОС ВО РОМАНИЈА: Не работат школи, болници, БУКУРЕШТ Е БЕЗ СТРУЈА НА -18!

Романија поради снежната бура ја затвори вратата на Црното море, вклучувајќи ја и главната врата во Констанци.

Снежната бура која трае од синоќа ги блокирала скоро сите патни правци во оваа земја.

Температурите во Букурешт се спуштиле на минус 18 степени целзиусови.

Граѓаните загрижени, не паметат вакви невремиња одамна.

„Вакви снежни наноси Романија не памети. Кај мене во станот како и во многу квартови на Букурешт моментално нема струја. Проблемот е што кога нема струја не работи ни гасното парно, па нема ни греење“, велат граѓани, пренесуваат локални медиуми.

romanija 1

Освен во Букурешт струја нема и во многу други краеви на Романија бидејќи силниот ветер ги соборил електро-водовите.

Владата на Романија најавила дека во понеделник сигурно нема да работат школите во цела земја, како и тоа дека службите за расчистување на патните правци ќе работат макотрпно за да повторно ги отворат болниците кои поради снегот со висина од 60 сантиметри целосно ги блокирал.

Слично

Поврзани вести