Економија, финансии, бизнис

Контакт

Снегот го затвори аеродромот во Загреб, отежнат автобускиот и железнички сообраќај

Снегот го затвори аеродромот во Загреб, отежнат автобускиот и железнички сообраќај
Силното невреме и снегот кој паѓаше во Загреб не дозволи ниту еден авион да полета или слетал на загребскиот аеродром. „Кроација ерлајнс“ ги откажа летовите од Загреб за Лондон, за Виена, за Франкфурт, за Цирих, за Минхен и за Сплит. Исто така откажани се и летовите од Приштина, од Сараево, од Сплит и од Дубровник за Загреб.

Како што изјави портпаролот на аеродромот Лидија Цапкович Мартинек, од три часот и 30 минути ангажирани се аеродромските служби, но нивната работа била попречена од ветерот и снегот.

Поради снегот во поголем дел во Хрватска има проблеми со автобускиот и со железничкиот сообраќај.
Слично

Поврзани вести