Економија, финансии, бизнис

Контакт

Снегот донесе и скршеници кај пациентите, клиниките со полни раце работа!

Снегот донесе и скршеници кај пациентите, клиниките со полни раце работа!

Снегот им отвори полна капа работа на скопските клиники и болници. Околу триесет пациенти со скршени раце и нозе барале помош од Хируршката клиника Свети Наум Охридски и градската болница 8-ми септември.

Најчести повреди кај лицата кои барале помош биле скршеници на подлактици, а имало пациент  со фрактура на подколеница, информираат од Св. Наум Охридски.

Лекарите со аларм до граѓаните внимателно да се движат по замрзнатите патишта, посебно за повозрасните доколку немаат потреба да не излегуваат надвор.

Поради повиците од планинските села скопската брза помош го активирала и теренскиот џип.

Слично

Поврзани вести