Економија, финансии, бизнис

Контакт

СНЕГ ВО МАЈ: Нагло заладување ја „обели“ Босна и Херцеговина, можен и мраз

СНЕГ ВО МАЈ: Нагло заладување ја „обели“ Босна и Херцеговина, можен и мраз

Во Босна и Херцеговина денеска дојде до значително влошување на временските услови, при што повеќе планински области повторно се покрија со снег.

Снежни врнежи се регистрирани на повеќе локации, меѓу кои Хан Пијесак, Мањача кај Жепче, Брусница кај Фојница, како и на Јахорина и Бјелашница. Зимските сцени на самиот праг на мај ги изненадија граѓаните и возачите, особено во повисоките предели каде температурите нагло опаднаа.

Според метеоролошките прогнози, во земјата пристигна најавеното заладување, а веќе во текот на ноќта се очекува појава на мраз во поголем дел од територијата. Ова може да предизвика штети врз земјоделските култури кои веќе се во фаза на раст и цветање.

Поради временските услови, во планинските региони се бележат и отежнати услови за сообраќај, особено за товарните возила.

Фотографии и видеа од снег пристигнуваат од повеќе делови на земјата, каде се регистрирани ниски температури и врнежи.


Слично

Поврзани вести