Снег среде мај го побеле Копаоник: Температурата падна на два степени (ВИДЕО)
Снег среде мај го побеле Копаоник, каде што снег со слаб интензитет почнал да паѓа минатата ноќ, на 16 мај.
Денеска, 17 мај 2026 година, во Србија времето е постудено, со посилни врнежи, дожд и пљускови. На планините во јужна Србија пак вее снег, јавуваат медиумите од соседството.
На Копаоник температурата е два степени, а маглата ја намалува видливоста на 200 метри, јави Танјуг.
Највисоката дневна температура во Србија се движи од 12 до 16 степени. Во Белград е облачно, со дожд, ветровито и значително постудено, со температура до 13 степени. Прогнозите се дека врнежите ќе престанат кон крајот на денот.
Снегот на Копаоник достигна еден сантиметар
Снегот што на Копаоник почнал да паѓа со слаб интензитет ноќеска околу 3 часот, до утрото достигнал висина од еден сантиметар.
Моменталната температура е два степени, дува западен ветер со брзина од три до осум метри во секунда, а маглата ја намалува видливоста на 200 метри.
Првиот ден од работната недела во Србија ќе биде умерено облачено и претежно суво, со сончеви интервали. Ќе дува умерен, а во централна и источна Србија повремено силен северозападен ветер. Највисоката температура ќе биде од 17 до 22 степени.
Времето неповолно за срцеви болни
Биометеоролошката состојба може да биде неповолна за срцеви болни и за лица кои имаат проблеми со респираторниот систем. Метеоропатските реакции може да се јават во форма на нарушен сон, променливо расположение и главоболка.
Потребно е дополнително внимание во сообраќајот.
Фото: Архива/Принтскрин/Икс
