Економија, финансии, бизнис

Контакт

Снег падна и во Бугарија

Снег падна и во Бугарија

Метеорологот Славчо Попоски вели дека студениот бран кој го зафати целиот Балкан, и донесе невообичаено ниски температури на воздухот, освен што донесе снежни врнежи во Алпскиот регион, донесе снежна бајка и на планинските врвови во соседна Бугарија. 

Снегот паѓаше на врвот Мусала, на планината Рила во Бугарија на надморска височина од 2.925 метри. 

„Регионот беше погоден од силно невреме изминатиот период, а особено во Словенија невремето предизвика катастрофални поплави, а одзема и неколку човечки животи. Од наша страна најавено беше дека ќе има големо заладување на времето, па и снег на високите места, а во деновите пред нас очекуваме пораст на температурите и враќање на летото, сепак екстремно високи температури не се очекуваат“, вели Попоски. 

Инаку, ова лето снег падна и во делови од Словенија. 

Во Австрија пред неколку дена падна снег и во западните делови од земјата задолжителна е зимска опрема. 

Слично

Поврзани вести