Снег и завеани патишта на Балканот
Силен снег со ветер ги зафати земји од регионот. Отежнат е сообраќајот на патиштата, посебно во северниот дел на Србија.
Зимски услови се прогласени на многу патишта во централна и северозападна Хрватска, а на одредени патишта е забрането движење за товарни возила. Хрватските медиуми јавуваат дека постојат забрани за движење на повеќе патишта поради големите снежни наноси.
И во поголемиот дел на Босна и Херцеговина патиштата беа завеани со снег, каде повисоките планински предели на коловозите има од два до пет сантиметри снег. Во Словенија во текот на денот исто така се забележани врнежи од снег и ветер.
Снежното невреме запрело повеќе од 700 странски камиони во Унгарија поради сообраќајните рестрикции воведени поради екстремните временски услови.
Слично
