Економија, финансии, бизнис

Контакт

Snapchat оди на берза за иста сума која ја одбија од Марк Цукерберг

Snapchat оди на берза за иста сума која ја одбија од Марк Цукерберг

Snap Inc компанијата која сега ја менаџира популарната апликација за допишување Snapchat конечно се реши да се испроба на берзите и ќе излезе со првата јавна понуда на акции со почетна вредност од 3 милијарди долари. 

Со оглед на популарноста на апликацијата прогнозите се дека акциите на Snapchat ќе се распродадат веднаш и има шанси да се зголеми нивната вредност до посакуваните 25 милијарди за колку навистина е процената самата компанија. Сепак, ќе се стартува со пониска сума поучени од лошото искуство на Twitter. 

Да потсетиме дека на почетоците основачот на Snapchat Еван Шпигел одби 3 милијарди долари од Марк Цукерберг кој го поседува Facebook во една од најхрабрите одлуки во светот на технолошки стартапи што се чини дека навистина ќе им се исплати.


Слично

Поврзани вести