Снајперисти од соседна земја отишле во Сирија, но зошто се спомнува и Македонија?
Снајперисти од соседна земја се приклучиле на терористи во Сирија.
Група снајперисти Албанци се приклучиле на џихадистите кои се борат во Идлиб, Сирија, пишува „Франс соар" (France Soir).
Тие објавиле и подолго видео за нивната активност. Видеото трае 33 минути и 15 секунди и е насловено „Албански снајперисти во земјата Шамит“, како што џихадистите ја нарекуваат Сирија.
Лидерот на Албанците, Абу Кутад Албани, е многу близок со лидерот на џихадистичката група што доминира во Идлиб.
„Инаку, еден Албанец наречен шеик Абу Катада ал-Албани, чие вистинско име е Абдул Јашари, македонски државјанин, беше воен лидер на Ал Нусра во 2016 година и фигурираше на црната листа на американското Министерство за финансии“- наведува „Франс соар“.
Снајперистите Албанци користат пушки снајпери СВДс Драгунов, AK-74Мс со двогледи и придушувачи.
Неколку џихадистички интернет медиуми досега пишуваа дека Албанците се главни снајперисти во нивните редови.
фото FRance Soir
