Економија, финансии, бизнис

Контакт

Снајперист требал да го убие Вучиќ, се подготвувал атентат

Снајперист требал да го убие Вучиќ, се подготвувал атентат

Има детали за наводниот атентат врз српскиот претседател Александар Вучиќ. 

Снајперистот требало да пука со антипанцир куршуми калибар 12,7, а  токму такво оружје е пронајдено во куќата на Веља Неволја во Ритопек. Атентаторот бил подготвен и требало да избега со автомобил искористувајќи ја гужвата која би се направила по пукањето. Вучиќ требало да биде убиен на 5 или 6 февруари на кружниот тек Топчидерска ѕвезда во Белград. Ова го потврдила истрагата. Планот бил конвојот автомобили во кој се превезува претседателот да биде пресечен токму на тој кружен тек, а од камион во близината требало да ја подигне церадата и со снајпер „Браунинг“ да пука во возилото на Вучиќ.  И пред неколку години се споменуваше дека имало планови за атентат на Вучиќ. 

Слично

Поврзани вести