Економија, финансии, бизнис

Контакт

Снабдувањето со течен гас од платформата во Александрополис би започнала дури на крајот на 2023

Снабдувањето со течен гас од платформата во Александрополис би започнала дури на крајот на 2023

Иако претставниците на земјите во регионот и од ЕУ со триумфални изјави го одбележаа почетокот на работите за изградба на терминал за течен природен гас (ЛНГ) во грчкиот град Александрополис, оценувајќи дека тоа е историски ден и пресвртница што води кон „ослободување“ од рускиот гас, по се изгледа зависноста од рускиот гас ќе потрае. Имајќи ги предвид техничките аспекти, најавата дека оваа пловечка единица за ЛНГ ќе го подобри снабдувањето низ Југоисточна Европа се уште има долг пат. И не само затоа што комплетната инфраструктура треба да биде завршена до крајот на 2023 година, како што се очекуваше.

Како што наведува српки „Новости“, непознатица поврзана со терминалот е пристигнувањето на течниот гас во Александрополис, бидејќи, како што нагласуваат српските енергетичари нема слободни количини. Потенцираат дека друг проблем е малиот капацитет на ЛНГ платформата, како и гасните интерконектори кои во иднина треба да се користат за испорака на сино гориво до Бугарија и Србија. Третиот недостаток е цената, бидејќи ЛНГ е поскап, барем 1,6 до 2,2 пати, од гасот кој веднаш се става директно низ цевките.

Српските медиуми посочуваат оти земајта е под притисок на Западот да ја намали зависноста од руското сино гориво, а како решение се претставува изградбата на платформа за ЛНГ во Грција. Сепак, експертите укажуваат дека покрај значително повисоката цена на ЛНГ, прашање е колку од овие количини ќе бидат испорачани и дали ќе ги покријат потребите на сите земји во регионот

Платформата ЛНГ во Грција има капацитет од 5,5 милијарди кубни метри, а изградбатана конекторите треба да заврши до крајот на 2023 година.

Енергетскиот експерт Милош Здравковиќ посочува дека за Србија е најдобро, најповолно и најбезбедно да се снабдува со „Турски поток“.

- Азербејџанскиот гас е резервиран за „Трансанадолскиот гасовод“ (ТАНАП) и за руските клиенти. Соединетите Американски Држави најавија, само за пазарот на ЕУ, 15 милијарди кубни метри до крајот на оваа година и 50 милијарди до 2030 година. Се уште постои можност за медитеранското гасно поле Левант, на бреговите на Либија и Израел, но Израелците ќе го продадат пред Египет поради геополитички и пазарни причини – објаснува Здравковиќ

Слично

Поврзани вести