Снаа го убила младоженецот на свадба во Турција, во нејзината градина полицијата нашла пиштоли
Дваесет и тригодишен младоженец загина на свадба во северна Турција.
Гостите ги испраќале младенците, Бејзанур Бејазит и Али Карача, кога снаата пукала, објави државната новинска агенција Анадолу.
Снаата, 47-годишна жена, полицијата ја уапси, а во нејзината градина се пронајдени два пиштоли, кои ги поседувала неовластено, објави Дејли Меил.
Пукањето за време на свадби е вообичаено во северниот турски регион на Црното Море. Минатата недела, загина маж, а двајца други беа ранети во пукање за време на предсвадбена забава во североисточната покраина Трабзон.
Слично
