Економија, финансии, бизнис

Контакт

Смртни закани за критичарот на Ердоган: Кој му се закани на Себастијан Курц?

Смртни закани за критичарот на Ердоган: Кој му се закани на Себастијан Курц?

Австрискиот шеф на дипломатија Себастијан Курц се соочува со смртни закани бидејќи е еден од најодлучните критичари на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Социјалните мрежи се полни со пораки на омраза од фанатични обожаватели на Ердоган, кои го навредуваат и дури му се закануваат на австрскиот министер.

„Кој воведува смртна казна си ја затвора вратата кон ЕУ“, порача во текот на викендот Курц.

Преку Фејсбук на Курц му се упатени и закани за смрт, а исто така еден Турчин му се заканил на австрискиот министер дека ќе му „забоде нож во врат“.

Од Министерството за надворешни работи, а во врска со тоа, е соопштено дека надлежната Служба за обедбедување на уставноста и борба против тероризам води истрага.

Курц, меѓутоа, не дозволува да го вознемируваат закани и навреди, и порачува дека тоа станало рутина со која се соочува.

Слично

Поврзани вести