СМИЛЕВСКА: Ова е поништување на новинарството како професија
Милка Смилевска е дописник на Ал Џезеира од Скопје. Таа смета дека со законот на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ се бетонира цензурата во земјата, го всадува стравот кај секој новинар дека може да заврши во затвор и спречува јавноста да знае како владее власта.
Закон предвидува казна од најмалку четири години затвор на новинар што ке објави прислушувани или тонски снимени разговори или делови од нив или транскрипти на територијата на Република Македонија или во странство. Овој член ја бетонира цензурата во земјата, го всадува стравот кај секој новинар дека може да заврши во затвор и спречува јавноста да знае како владее власта.
Зошто сака актуелната коалиција да не се објавуваат снимки од прислушуваните разговори, ако владееле чесно и според закон?
Демократијата значи транспарентност и отчетност, нели во центарот на нивниот интерес е граѓанинот, нели повеке од девет години него го прашуваат за проекти, приоритети, па нели баш тој граѓанинот треба да знае како се трошат парите од данокот што го плаќаат!
А како ќе знае граѓанинот ако на новинарот му се заканува апс ако пренесе информација. Ако се донесе законот тоа е поништување на новинарството како професија, но на сите ни е јасно дека на оваа власт одамна не сака да и поставуваме прашања, оти таа сака само проектирана реалност да и сервира на јавноста.
Нарачани прашања, прилози, вести, лазни перцепции, се со цел да се одрзи рејтингот, да се остане на власт. Срамно е колку ја понижуваат Македонија како дрзава, систем и граѓаните на оваа земја аспирант за членка на ЕУ.
Слично
