Сметките за струја можат да ја донесат но и да ја симнат партијата од власт
"Цената на електричната енергијата што ја плаќаме, е целосно фер" - оваа реченица веројатно никој никогаш не ја рекол. За граѓаните цената на енергијата е значителен дел од буџетот, особено во текот на зимата. За државата цената на енергијата е дел од социјалната и економската политика и повеќепати наеднаш влади паѓале, а други доаѓале на власт заради својата енергетска политика.
Истовремено постојано се измислуваат нови начини за заштеда на енергија, бараме достапни добавувачи (во земјите со слободен пазар и избор на добавувачи). Друга работа, со што во последно време се чинеше дека се навикнуваме, е дека енергијата оди во насока да биде единствено обновлива.
Иако зелената енергија изгледа како примамливо решение во идеолошки план за редица проблеми - зависноста од странски увозници, загадување на животната средина и исцрпувањето на фосилните горива, таа не може да ги замени традиционалните извори. Барем не во моментов.
Графиконот покажува некои интересни факти од пазарот на енергија во Европа. 11% од сметката се должи на енергетски даноци, а 16% на други даноци - толку е просекот за земјите во Европа. Реалната вредност на услугата е значително пониска - 41% за самата енергија и 33% за пренос, или 74% од сегашната вредност.
Еден од лидерите во производството на обновлива енергија во Европа и во светот во моментов е Германија. Земјата произведува цели 22,9% од својот енергетски микс од фотоволтаици, ветерни турбини и хидроцентрали. Важно е сепак да се напомене дека Германија исто така увезува значителен дел од струјата од Франција, која ја произведува во нуклеарните централи.
Во Португалија уделот на енергијата од обновливи извори е 91%, главен дел од кои доаѓа од водни централи. Земјата, исто така увезува значително количество енергија од соседна Шпанија.
K.K.

Слично