Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сметките за струја ќе бидат помали, ако го исклучите апаратот од штекер по користење: Еве колку може да заштедите!

Сметките за струја ќе бидат помали, ако го исклучите апаратот од штекер по користење: Еве колку може да заштедите!

Во нашите домаќинства имаме голем број апарати кои речиси никогаш не се целосно исклучени.

Телевизорот често останува во режим на подготвеност, конзолата е подготвена за следната партија, машината за перење чека нов циклус, додека микробрановата печка постојано го прикажува времето.

Иако изгледа како уредите да не работат или се само на „stand by“, тие сепак трошат електрична енергија.

Експертите предупредуваат дека современите уреди се дизајнирани така што постојано се достапни, но таа практичност има и своја енергетска цена.

-Денешните уреди се дизајнирани за удобност. Тие се секогаш подготвени за употреба, секогаш поврзани, секогаш слушаат команди или ажурирања. Тоа значи дека ретко целосно се исклучуваат, освен ако физички не ги исклучите од струја. Потрошувачите сакаат моментален пристап, но оваа погодност има цена. Дури и уредите во мирување можат да напојуваат внатрешна меморија, мрежни картички или сензори“, објаснува експертот за енергија Џастин Нилсен од компанијата „Wolf River Electric“, пренесува британски „Express“.

Најголеми потрошувачи на електрична енергија се уредите кои трошат многу струја додека работат, но проблем е и тоа што некои апарати продолжуваат да трошат енергија и кога не ги користиме, доколку останат вклучени во штекер.

На пример, машината за сушење алишта троши меѓу 2000 и 3000 W за време на работа, па еден циклус може да потроши околу 2 до 3 kWh, во зависност од температурата и времетраењето на програмата. Во режим на подготвеност троши само 0,5 до 1 W, што изгледа занемарливо, но во текот на целата година се собира на сметката.

За останатите уреди во продолжение може да се прочита на Женски Магазин.

Слично

Поврзани вести