Сметките на даночните обврзници под лупа на грчките власти
Од следната недела грчката служба за борба со финансискиот криминал ќе има автоматски пристап до сметките на даночните обврзници, кои се цел на проверки и истраги, соопштуваат грчките медиуми.
Се очекува новиот механизам да даде решение на проблемот со недостигот на информации од страна на банките за сметките на вложувачите, проверувани од даночните власти.
Автоматскиот пристап ќе даде можност да се следи движењето на парите во банкарските сметки на одделни даночни обврзници. Под лупа ќе бидат ставени сметките од 2008 година наваму.
Целта на овој механизам е да се стави крај на праксата во земјата за криење на примања и перење пари.
Слично
