Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сметки за природен гас во милиони евра во Македонија

Сметки за природен гас во милиони евра во Македонија

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и Министерството за здравство последните фактури што ги платиле во февруари за снабдување со природен гас се неколкукратно повисоки во однос на вообичаените пред настапувањето на енергетската криза.

ТИРЗ платил 750.000 евра, односно 45.715.876 денари, додека сметката за Министерството за здравство била 600.000 евра, поточно 36.158.024 денари.Вообичаените фактури за едни од најголемите потрошувачи на природен гас во Македонија, особено во овој дел од годината, се движат околу 7 до 9 милиони денари, односно ретко надминувале над 150.000 евра месечно.

Технолошко-индустриската развојна зона е еден од ретките системи во Македонија кои имаат мрежи за дистрибуција на природен гас и ги снабдува инвеститорите со природен гас, додека клиничкиот центар и други здравствени објекти се снабдуваат со овој енергенс претежно во зимски услови.

Директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски минатиот месец изјави дека во договор со добавувачот, еден дел од количините за компаниите во зоните се обезбедуваат по доста пониска цена од пазарната. Целта е да се обезбедат што е можно поголеми количини, бидејќи тие се доста ограничени.

- Потребите на нашите корисници растат, бидејќи имаме нови корисници, нови капацитети и наша примарна цел во овој период е да обезбедиме поголеми количини. За одредена количина на гас, значи за одреден капацитет на користење имаме доста поволни цени за гасот, а за одредена количина одиме по реалните пазарни цени коишто се случуваат во моментот, појасни Деспотовски.

Република Македонија нема сопствени наоѓалишта на природен гас и поврзана е само со еден главен гасовод. Целокупната количина на природен гас се увезува од Русија преку Меѓународниот коридор 8 кој поминува низ Украина, Молдавија, Романија и Бугарија. Магистралниот гасовод влегува во Македонија кај Деве Баир на границата со Бугарија и се протега преку Крива Паланка, Кратово и Куманово до Скопје, во должина од 98,197 километри, разводна гасоводна мрежа од магистралниот вод до градовите Крива Паланка, Кратово, Куманово.

Цените на природниот гас во Европа во изминатиот период имаа вртоглав раст, кој никако да запре. Кон растот на цената на гасот најмногу влијаеше последната одлука на германските регулатори да го одложат „зеленото светло“ за новиот гасоводен систем „Сeверен тек 2“, со кој треба да се испорачува гас од Русија во Германија и во Европа.

А.К.

Слично

Поврзани вести