Сменетиот хрватски министер: Ќе кажам се по 25-ти мај!
Веќе разрешениот хрватски министер за финансии Славко Линиќ вели дека нема ништо незаконско ниту спорно во неговото работење.
„Ја прифаќам одлуката на претседателот на Владата. На својата партија, на која и припаќам повеќе од 20 години, не сакам со своите изјави да и наштетам на кој било начин и да и ги загрозам шансите на изборите за Европскиот парламент. Затоа за се останато ќе зборувам по 25-ти мај“, изјави Линиќ на вонредна пресконференција веднаш по неговото разрешување.
Тојј вели дека нема намера да навлегува во деталите за предметот заради кој премиерот Зоран Милановиќ го разреши од функцијата, но нагласува оти не е направено ништо незаконито.
Милановиќ денеска го разреши Линиќ од позицијата министер за финансии и на негово место веќе го назначи Борис Лаловац, досегашниот заменик-министер.
Линиќ се соочи со остри критки во јавноста затоа што за земјште кое според проценките на Даночната управа вредело 790 илјади евра, платил дури 4,5 милиони евра.
Милановиќ заклучи дека на овој начин Линиќ го оштетил државниот буџет. „Државата не смее да се оштетува и не може да се зборува за зачувување на работните места како критериум за тоа. Тоа не смее да биде така. Грешка може да се случи, но тогаш очекувам да се најдат и одговорните кои што го довеле министерот во заблуда“, рече Милановиќ.
Слично
