Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сме потрошиле 16 милиони евра за една година за изградба на инфраструктура за инвеститорите во индустриските зони

Сме потрошиле 16 милиони евра за една година за изградба на инфраструктура за инвеститорите во индустриските зони

Покрај тоа што Владата и Дирекцијата (ТИРЗ) одобруваат субвенции и државна финансиска помош по разни основи за инвеститорите во слободните индустриски зони во земјата, висока сума на средства се троши и за изградба и одржување на самата инфраструктура.

Пресметките на „Фактор“, според годишниот извешта за работата на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, се дека минатата година се потрошиле повеќе од 16 милиони евра во корист на сопствениците на фабриките.

Од договорот за изградба на објекти за времено сместување и амбуланта, детски градинки, складишта и паркиралишта во неколку слободни индустриски зони, кој инаку беше постигнат со „Жикол“ за вкупна сума од 15 милиони евра, биле реализирани 5  милиони евра во текот на 2023.

Во зоната во Штип, каде што е познато дека повеќемилионски договор за расчистување на теренот има Зобек Мининг Груп, истовремено се реализирале неколку договори за изведба на парцела, како и нивелирање и подготовка на земјиште. За оваа услуга, како што пишува во извештајот, Дирекцијата исплатила околу 7,15 милиони евра.

Операторите кои граделе надвозник за поврзување на зоните Скопје 1 и Скопје 2 во Бунарџик, како и за „изградба на основна внатрешна и надворешна инфраструктура во Скопје 2“, на сметка во текот на минатата година добиле 2 милиони евра.

За изградба на административни згради, односно терминали, за слободните индустриски зони во Прилеп и Струга биле реализирани 1.375.000 евра од договорот со изведувачот. 

Изградбата на „внатрешната инфраструктура“ пак во индустриската зона Косел во Охрид ја чинела Дирекцијата нешто повеќе од половина милион евра.

А.К.


Слично

Поврзани вести