Економија, финансии, бизнис

Контакт

Смартфоните се продаваат повеќе од класичните мобилни

Смартфоните се продаваат повеќе од класичните мобилни

За прв пат оваа година продажбата на смартфони  ќе ја надмине продажбата на класични мобилни телефони и тоа се должи на „апетитот“ на економиите со брз развој на тој пазар.

Според американската истражувачка компанија Инртернешнл Дата Корпорејшн (Ај-Ди-Си), смартфоните ќе имаат удел од 52,2 отсто на пазарот во светот и ќе достигнат бројка од 958,8 милиони продадени апарати. Тоа според компанијата значи пораст од 32,7 проценти.

Продажбата на смартфоните е поголема од таа на класичните мобилни телефони уште од почетокот на годината, додава компанијата.

- 2013 година ќе биде повратна за смартфоните, очекуваме јазот меѓу нив и обичните мобилни телефони да се зголеми, изјави експерт на Ај-Ди-Си.

Побарувачката на смартфони, поврзани со Интернет се зголемува во земјите со забрзан развој, каде тие се поевтино средство за пристап до некои од функциите на компјутерот.

Оваа тенденција е мошне позитивна за производителите, како кинеските ЗТЕ и Хуавеи, кои нудат пониски цени од тие на гигантските Самсунг и Епл.

Слично

Поврзани вести