Службениот МНР на Бугарија: Во Македонија разговараме само со една политичка партија
Николај Милков, службениот министер на задворешни работи на Бугарија, во интервју за БНТ рече дека во Македонија не постои национален консензус за бугарските барања и дека таму се разговара, како што вели тој, само со една политичка партија.
- Што се однесува до нашата работа со владата на РСМ, загрижувачки се обидите на опозицијата да ги искористи ставовите на дел од населението за различни цели. Има сили кои со силен отпор поставуваат лажна дилема - европско членство или идентитет на РСМ. Не е така, европското членство се поврзува со преоценување на минатото и со голем број пропагандни клишеа. Пред да влезе во ЕУ, секоја земја мора да се раздели со дел од овие лажни парадигми во историскиот процес.
Оваа катарза мора да се доживее и таму. Би сакал да се формира национален консензус во РСМ, не можеме да се потпираме и да разговараме само со една политичка партија, треба да разговараме како држава со држава. Да не се случи луѓето со бугарско самосвест во РСМ да ја загубат вербата во институциите кои се повикани да ги заштитат и нивните права, рече привремениот шеф на бугарската дипломатија..
Со PCM имаме шанса да ги решиме проблемите кои постојат со децении, но не беа сериозно адресирани. Сега овие проблеми не се решени, но имаме механизам усвоен од бугарскиот парламент, се работи за францускиот предлог, тој е усвоен од парламентот на РСМ и пред нас е широк терен да продолжиме со работата за расчистување на спорното прашања. Ова за БНТ го изјави вршителот на должноста министер за надворешни работи.
Според него, институциите во Македонија не треба да се користат за репресивни цели, мислејќи на Комисијата за спречување на дискриминација, која ја следи работата на културниот клуб „Иван Михајлов“ во Битола..
- Ни треба многу појаснување од нашите македонски партнери. Доколку има пријави за прекршоци, соодветно ќе реагираме. Со зголемено внимание ја следиме состојбата и испраќаме сигнали дека треба да се воздржиме од практики од минатото, рече Милков.
Слично
