„Службен весник“ експресно ги објави новите мерки, започнуваат уште денеска
Министерот за финансии Фатмир Бесими и директорките на УЈП и Царинската управа - Сања Лукаревска и Славица Кутиров денеска информираа дека новите антикризни мерки на Владата кои беа изгласани во Собранието експресно се објавени во „Службен весник“ денеска и веднаш стапуваат на сила.
Лукаревска им порача на трговците да направат соодветно подесување на фискалните апарати, откако ДДВ=то за лебот, брашното од тип 400, шеќерот, сончогледовото масло, кравјото млеко со маснотии од 2%, 3,2% и 3,5%, месото, оризот и јајцата се намалува од 5 на 0 отсто.
Кутиров наведе дека мерката за намалување на ДДВ-то од 18 на 10 при увоз на горивата е имплементирана во царинскиот систем и веќе е во примена. Мерката за намалување на акцизата исто така веќе е имплементирана уште денес и ќе се ревидира два пати месечно Трговците уште денес се ослободени од плаќањето на ДДВ при увоз на природен гас и струја, имплементирано во системот на Царинската управа.
Бесими рече дека одлуките поврзани со цените на горивата ќе ги донесе Регулаторната комисија за енергетика уште денеска и тие ќе се применат на полноќ.
