Случајот „Пуч“ повторно одложен на барање на Јанева
Со цел да ги разгледа доказите за предметот, специјалната обвинителка Катица Јанева денеска се појави во судница и побара судењето да биде одложено за на 2 март.
Овој случај е пропратен со низа одложувања поради непојавуавње на еден од обвинитетите, опозицискиот лидер, на судење, поради како што тврдеше неговото непризнавање на судот како легитимен.
Меѓутоа, после барањата случајот да премине во рацете на Катица Јанева, Специјалното јавно обвинителство ги презема надлежностите над предметот.
После преземањето на предметот од специјалното обвинителство, за првообвинитетиот Зоран Верушевски, кој се товари за шпиоанажа и за насилство спрема претставници на највисоките државни органи беше побарано укинување на притворот и ослободување на осомничениот.
