Економија, финансии, бизнис

Контакт

Случајот „Јустиција“ одложен повторно

Случајот „Јустиција“ одложен повторно

Откако пред еден месец случајот „Јустиција“ беше одложен за овој, денеска повотрно се пролонгираше.

Имено, две тешко болни обвинети се причината за одложувањето на случајот во кој се обвинети четворица судии и девет стручни соработници, кои се товарат за кривичното дело несовесно работење во службата, односно за намерно чување предмети во фиока до нивното застарување.

Едната од обвинетите имала инфекција на жолчката и се наоѓа на Клиниката за токсикологија, а другата обвинета тумор на мозокот. „Овие луѓе доживеаја стресови од апсењето“, изјавил Ефто Спировски, адвокатот на дел од обвинетите.

За одбраната овој случај претставува навреда и понижување за целото правосудство.

Еден од адвокатите посочи дека целиот случај  е фарса за понижување на големи професионалци со над 30-годишно судиско искуство, и според него обвинетите на почетокот на истрагата биле брутално уапсени и засрамени пред целата македонска јавност.

Акцијата  „Јустиција“ се одвиваше лани во октомври а првично беа уапсени дваесет и пет лица од Одделот за прекршоци при Основниот суд Скопје 1. Во меѓувреме, ЈО-Скопје склучи спогодби со седум судии и судски службеници кои ја признаа вината и добија условна казна, а против петмина пак постапката беше во мирување бидејќи се утврдило дека нема кривично дело кај нив.

Следеното судење е закажано за 1 декември.

Слично

Поврзани вести