Економија, финансии, бизнис

Контакт

Случајот афлатоксин ќе го поскапи млекото

Случајот афлатоксин ќе го поскапи млекото
Аферата со афлатоксинот во млекото и нанесе голема штета на млечната индустрија и тоа има последици во цента, изјавил за српските медиуми генералниот директор на „Danube Foods Group“, Слободан Петровиќ. -Последиците кои ги предизвика “Афрерата млеко“ која денес стигна и во српскиот парламент се пад на прометот и зголемени трошоци за производство, а тоа во крајна линија ќе донесе штета и за цела Србиј, додава тој. -Поради овие околности и цените ќе растат, од почетокот на кризата извозот на млекото е на нула, додека пред аферата само во Црна Гора е извезено млеко во вредност  од 20 милиони евра годишно, истакнал Петровиќ. За стандартите на ЕУ кои се однесуваат на млекото, Петровиќ додава дека преработувачите на млеко бараат да се увезува реалност и дека Србија не е држава која во овој момент има сила и моќ да спороведува најстроги закони, како што тоа го прават најбогатите земји во светот. Тој смета дека аферата со млекото е политичка. -Пронајден е начин да се нападне постоечката власт„Danube Foods Group“ не е политички определена, но на компанијата аферата и пречи, бидејки се уништува напредокот на Србија,  сега во целиот регион оваа земја се наоѓа на црната листа, поради што следуваат долгорочни последици, додал Слободан. Не можете да очекувате брзо да се вратите на пазарот со својот бренд во земја каде сте ја загубиле својата позиција, укажал Петровиќ.
Слично

Поврзани вести