СЛУЧАЈ „ТВРДИНА“: Осомничени началници и министерка за уништување опрема за прислушување на МВР
Новиот случај кој Специјалното јавно обвинителство ќе го истражува е поврзан со незаконска постапка за уништување на опрема за следење на комуникациите.
Како што информираа од СЈО утврдено е дека незаконското следење на комуникациите е вршено преку искористување на уредите за прислушкување и тонско снимање на техничките капацитети на средствата за следење на комуникации при Министерството за внатрешни работи.
Тројца осомничени се началници на оддели во УБК затоа што уништиле два система за следење на комуникациите, а третоосомничена е поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.
„Во овој предмет осомничени се двајца началници на Оддели при Управата за безбедност и контраразузнавање и Министерот за внатрешни работи, кои во првата половина од 2015 година заедно со искористување на службената положба и овластување и со пречекорување на границите на нивното службено овластување, со умисла помогнати од осомничениот Началник на една од единиците во Управата, ги уништиле системите за следење на комуникации, со што нанеле штета на средствата на државата и Буџетот на Република Македонија во износ од 10.000.000,00 евра или 615.000.000,00 денари.
Осомничените лица делувале исклучиво од позиција на службени лица, искористувајќи ја својата службена положба и овластување и пречекорувајќи ги границите на своето службено овластување“, изјави јавната обвинителка Ленче Ристовска.
Првоосомничениот со цел да прикрие други лица издал усна наредба до други организациони единици во МВР да се уништи техничката опрема со изговор дека е застарена.
Второосомничениот пак како началник на Одделот за координација при Управат адо Секторот за правни работи и управување со човечки ресурси при Министерството за внатрешни работи изготвил и доставил Предлог за формирање на Комисија за попис, расходување, ништење и бришење од евиденцијата и од листата на задолжување заради техничка застареност и нефункционалност на системите и техничката опрема, спротивно на член од 8 став 6 од Упатството за вршење на попис во Министерството за внатрешни работи, како и без прецизна и јасна формулирана задача на Комисијата и без појаснување дали барањето за формирање на Комисија се однесува на конкретни технички системи, средства и опрема или пак како конкретен предмет на попис и ништење се јавуваат сите системи, средства и опрема во УБК.
Третоосомничената, тогаш министерка Гордана Јанкилоска се сомничи за злоупотреба на службена положби бидејќи според она што го соопшти СЈО во првата половина на 2015 дозволила уништување на системи за следење на комуникациите како застарена опрема.
Опремата била однесена на отпад на 2-ри март 2015.
„Целата опрема на 28.03.2015 е уништена. Системите за следење на комуникациите се товарени во возила на МВР и се однесени на отпад на старо железо. Ставени биле во преса и пресувани“, рече обвинителката Ленче Ристовска.
Петмина вкупно се осомничени во овој случај.
Од СЈО соопштија дека ќе побараат Судот на дел од осомничените да им биде изречена забрана за напуштање на живеалиште и да им биде одземена патната исправа, со обврска редовно да се јавуваат во судот, додека за делата кои ги сториле следуваат затворски казни од 5 до 20 години.
