Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЛУЧАЈ „ТНТ“: Осомничените за рушењето на „Космос“ на распит кај Јанева

СЛУЧАЈ „ТНТ“: Осомничените за рушењето на „Космос“ на распит кај Јанева

Како што е познато уривањето на објектот „Космос“ е во раце на Специјалното јавно обвинителство.

Кога специјалната обвинителка Катица Јанева о најавуваше случајот таа соопшти дека  во случајот има повреда на слободите и правата и предизвикување на имотна штета. Јанева објансува дека во случајот има злоупотреба на инстиуционалните капацитети од функционери, водејќи се од побуди и мотиви кои се базираат на политичка определба.

Обвинителката Фатиме Фетаи за случајот „ТНТ“, презентираше неколку смс пораки кои откриваат како било договарано уривањето на комплексот „Космос“.

Наредба и поддршка за овој настан имало од тогашното највисоко политичко раководство на државава, кажа Фетаи.

На 17 мај распитот на осомничените  во случајот ТНТ, кој го отвори СЈО  во Основниот суд Скопје 1  – Скопје по барање на одбраната се одложи, но за денеска повторно е закажан распит.

Предвиден е предвиден распит на четворица осомничени за кои Обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникации (СЈО) предложи определување мерки за обезбедување нивно присуство. Одбраната од судијата на претходна постапка побара дополнително време за да го заврши увидот во предметот и доказите.

Првоосомничената е градежна инспекторка од Гази Баба и тројца членови на општинската комисија за набавки. Инспекторката е осомничена дека донела незаконска одлука за рушење на комплексот Космос на бизнисменот и претседател на Партијата за европска иднина, Фијат Цаноски. Членовите на комисијата за набавки пак се товарат за незаконска набавка на динамит со кој бил срушен Космос.
Слично

Поврзани вести