Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЛУЧАЈ „ТИТАНИК“: Јанкулоска е на распит!

СЛУЧАЈ „ТИТАНИК“: Јанкулоска е на распит!

Како што јави весникот Вест, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во моментов се наоѓа во Основниот суд Скопје1 и дава исказ за случајот „Титаник“ кој го презеде СЈО.

СЈО ја осомнични екс министерката за изборни манипулации и поднесе барање до Судот за изрекување на мерката притвор.

Пред малку од Судот соопштија дека завршил распитот на  Исмет Гури кој е дел од осомничените во акцијата „Титаник“.

Судот и за него го одби предлогот за одредување на мерка притвор.

Од судот велат дека по сослушување на лицето И.Г. во присуство на полномошник судија на претходна постапка од одделот за Кривично полнолетни донел одлука со која се одбива предлогот за определување мерка притвор и му определи Мерка за претпазливост од член 146 ст. ст.1 т. 6 од ЗКП односно Забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица.

„Лицето против кое е определен мерката како и обвинителството кое ја преддложи мерката, имаат рок за жалба до овој суд во рок од 24 часа“ соопштија од судот.

Имено, Гури бил член на  Општинската изборна комисија на изборите во 2013 во општина Чаир и како другите осомничени се товари за  изборни нерегуларности.

Слично

Поврзани вести