СЛУЧАЈ „ТИТАНИК“: Досега одбиени сите барања на СЈО за притвор-Се чека одговор за жалбите!
И вчерашните осомничени кои беа на сослушување во Основниот суд Скопје 1 се спасија од мерка притвор.
Имено, судот после неколкучасовни распити донесе одлука со која го отфрла предлогот на Специјалното јавно обвинителство за притворање на лицата Г.Ј., К.Б., К.Т. и Н.В. кои се дел од осомничените во изборни злоупотреби во акцијата „Титаник“.
Според информациите на Основниот суд Скопје 1 вчера на распит се појавиле лицата Г.К., К.Б., К.Т. и Н.В.
Oд СЈО соопштија дека и овие одлуки ќе бидат обжалени, иако официјално одлуките на Судот не се стигнати на адреса на Специјалното обвинителство.
Кривичниот совет сѐуште се нема изјаснето за жалбите кои ги поднесе спедцијалната обвинтелка Катица Јанева, а рокот кој се очекуваше беше до понеделник вечерта.
Досега сите девет лица осомничени во предметот „Титаник“ куртулија од притвор, а алтернативни мерки Судот им одреди на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко и на членот на Општинската изборна комисија на Чаир, Исмет Гури.
Темелко треба да се јавува во Судот во ресен еднаш неделно, а на Гури му беа одредени мерки за претпазливост.
Одлуките на Судот да не одреди ниту една мерка притвор ја отвори темата од итност за независност на судството .
Експерти и дипломати досега многупати посочија на потреба од формирање на специјален суд.
