Случај „Ровер“: Рочиштето одложено, Бошковски наскоро на слобода?
Ексминистерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски доби казна затвор од 10 години и 6 месеци во случајот „Ровер“. Бошкоски беше осуден за помагање при убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев во 2001 година.
Инаку денешното рочиште за судскиот процес беше одложено, а се чека специјалната обвинителка да каже дали ќе го преземе случајот.
Одлуката во ноември 2014 практично значеше благо намалување на првичната казна затвор за Бошкоски за ова дело – најпрвин тој беше осуден на казна затвор од 12 години, но Апелацискиот суд ја поништи пресудата заради пропусти во постапката.
Освен Бошкоски, Зоран Трајковски, некогашниот шеф на неговото обезбедување е осуден 8 и пол години затвор, Сашко Јовановски и Ивица Ристиќ 7 години, а Никола Негриевски и Гоце Митревски добија затворска казна од 5 и пол години.
Од првите четворица обвинети Предраг Чубрило, Милан Илиќ, Милорад Ковачевиќ пак се осудени на доживотна казна затвор во отсуство, додека Вук Вукичевиќ овојпат е осуден на 15 години затвор.
Додека судијата ја читаше пресудата, Бошкоски тогаш му заврте грб за да покаже дека не го признава судскиот совет, на чело со судијата Илија Трпков. Ексминистерот за внатрешни е осуден под обвинение дека ветил оти нема да спроведува истрага против извршителите на убиството на Тушевски и Јанев.
Тој е веќе на издржување на затворска казна заради случајот „Кампања“, во кој е осуден на пет години затвор заради нелегално финансирање на изборната кампања.
