Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЛУЧАЈ РОВЕР: Бошковски со материјали тврди дека е наместен

СЛУЧАЈ РОВЕР: Бошковски со материјали тврди дека е наместен

Денешното рочиште за случајот „Ровер“ е одложено за во јануари.

Имено, обвинителката која го води случајот реши да се повлече откако обвинетиот Љубе Бошковски и прикажа материјали на УСБ со кои тврди дека е наместен.

Бошковски извади транскрипт и аудио материјал со докази дека „Ровер“ е полициско-политички прогон со цел остатокот од животот да го помине во затвор, при што материјалите ги предаде на адвокатот кој ќе ги достави до специјалната обвинителка Јанева.

„Размислував дали мојот личен интерес и моите со ништо неоправдани години на робија да бидат приоритет или приоритет да бидат државните интереси. Во оваа непроспиена ноќ одлучив да ги предадам овие материјали од кои се гледа вистината дека овој политичко-полициски процес „Ровер“ е конструиран од еден висок функционер во полицијата. Јавноста ќе биде шокирана од вокабуларот и бруталитетот на мојот прогон. Можев да побарам да го пуштат аудио материјалот, но тогаш ќе немаше да биде доказ“, изјавил Бошковски.

Обвинителката во случајот Лидија Раичевиќ Вучкова останува формално обвинител за предметот но допра ќе се одлучи дали случајот ќе го преземе специјалната обвинителка.

Според пресудата на Кривичниот суд Бошкоски доби затвор од 10 години и шест месеци.Бошкоски е осуден за помагање при убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев во 2001 година.
Слично

Поврзани вести