Случај „Пуч“ : Заев побара прекин на истрагата
Со денешната изјава на опозицискиот лидер Зоран Заев денеска во Обвинителство за насилство врз претставници на високи државни органи завршува фазата од давањето на изјави на осомничените лица во случајот „Пуч“.
Денес Заев поднесе Кривична пријава, против Сашо Мијалков и Никола Груевски, како што тврди за кршење на Уставот и законите на Република Македонија, злоупотребувајќи ја својата позиција како премиер и директор на Управа за разузнавање и контраразузнавање, при што нанесувајќи огромни штети врз Република Македонија и граѓаните на Република Македонија.
Тој очекува Обвинителството, ценејќи ги сите докази, ценејќи ги сите искази коишто се дадени од сите учесници во постапката, ќе го прекине процесот којшто се води против Зоран Заев, Зоран Верушевски и другите двајца осомничени и очекуваме да отпочне процес за кривична истрага против Никола Груевски, Сашо Мијалков и други осомничени лица.
И очекува процесот на водење на истрага за евентуален “пуч“ против Република Македонија, да се отвори во правен процес “Вистината за Македонија“.
