Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СЛУЧАЈ ПУЧ“: Заев не дојде на суд, падна наредба за стражарно приведување!

„СЛУЧАЈ ПУЧ“: Заев не дојде на суд, падна наредба за стражарно приведување!

По петти пат лидерот на опозицијата Зоран Заев не се појави на суд поради случајот „Пуч“ .

Тоа предизвика судијката Башевска да нареди стражарно приведување доколку Заев не се појави во суд на следното рочиште кое е закажано за 2 декември.

„Досега многу толерирав. Очигледно господинот Заев толку инсистира, што мора на наредното рочиште јас да наредам стражарно приведување. Очигледно почнува да си игра мајтап“, рекла судијката Башевска, пренесуваат медиумите.

На оваа одлука Заев пак останува на истиот став соопштен и во јавноста и во судот во однос на конструираниот случај „Пуч“.

Заев вели дека на суд ќе се појави тогаш кога Специјалното обвинителство ќе го преземе случајот.

Неодамна, во овој случај имаше и прва пресуда, кога поранешен вработен во МВР го призна делото и доби три години казна затвор.

Верушевски и Заев се товарат за шпионажа и уценување на премиерот на Република Македонија, Никола Груевски во корист на странски служби.

Пет луѓе: Зоран и Соња Верушевски, Ѓорѓи Лазаревски, Зоран Заев, Бранко Палифров се обвинети за „шпионажа“, „неовластено прислушување и тонско снимање“ и за „насилство над највисоки претставници на власта“. Во притвор се четворицата обвинети, со исклучок на Зоран Заев.

Експертите за овој случај сметаат дека Обвинување за Пуч е сериозна работа.

Слично

Поврзани вести