Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЛУЧАЈ „ПУЧ“: Верушевски во домашен притвор, одземен му е пасошот!

СЛУЧАЈ „ПУЧ“: Верушевски во домашен притвор, одземен му е пасошот!

Во текот на вчерашниот ден се појавија инфомрации дека прво обвинетиот во случајот Пуч, екс разузнавачот Зоран Верушевски е пуштен на слобода.

Меѓутоа овие информации беа демантирани.

Сепак во текот на денешниот ден од Кривчниот совет при Основниот суд Скопје 1 е донесена одлука со која Верушевски е пуштен да се брани од слобода.

Судот ја прифатил гаранцијата предложена од бранителите на обвинетите, како и посебниот предлог на обвинителството за определување на мерки за претпазливост, односно забрана за напуштање на живеалиштето и привремено одземање на патна исправа.

„Кривичниот совет на Оделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлозите на обвинетите З.В. и Ѓ.Л. поднесени преку нивните бранители за укинување на мерката притвор или замена на мерката притвор со понудена гаранција, а по прибавено мислење и предлог на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите за укинување на мерката притвор предвидена во член 165 ст. 1 т. 2, а потоа и по член 165 ст.1 т. 1 и 3 и да се прифати гаранција предложена од обвинетите преку нивните бранители, како и посебниот предлог на обвинителството за определување мерки за претпазливост, односно:

Забрана за напуштање на живеалиштето односно градот Скопје и Привремено одземање на патна исправа“, стои во соопштението од Кривичниот совет на Оделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

Верушевски во затворот Шутка помина речиси 11 месеци.

Поранешниот директор на ДБК, во време кога СДСМ беше на власт, Зоран Верушевски нешто пред 23 часот беше уапсен на 23 јануари. Со полициска придружба тој беше изнесен пред истражен судија и јавен обвинител во Скопје. Полицијата го товари за нелегално поседување оружје, основани сомневања за детска порнографија и други тешки кривични дела.

Слично

Поврзани вести