Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЛУЧАЈ ПУЧ: Судот го бара Костовски да се врати во затвор

СЛУЧАЈ ПУЧ: Судот го бара Костовски да се врати во затвор

Звонко Костовски кој беше дел од аболицираните лица на претседателот Иванов ќе треба да се врати во затвор и да ја доиздржи ри годишната казна затвор.

Ова денеска беше соопштено од Основниот суд Скопје  1 – Скопје од каде велат дека постапувајќи по одлука на Претседателот на Р.М. за повлекување на одлуката за помилување – ослободување од понатамошно гонење за лицето З.К. осуден со правосилна судска пресуда на овој суд, денеска до осудениот е доставен Упатен акт.

Костовски, кој е вработен во МВР, беше осуден на тригодишна затворска казна откако го призна делото, заедно со него во случајот Пуч се товарат и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Зоран Верушевски.

Сите тие се обвинети  за насилство на претставници на највисоките државни органи, односно шпионажа и неовластено прислушување.

Слично

Поврзани вести