СЛУЧАЈ „ПУЧ“: Јанева од денес ќе врши увид во доказите
Од денеска почнува вршењето на увид во доказите за случајот „Пуч“ кој е во надлежност на Специјалното јавно обвинителство и обвинителката Катица Јанева .
На увид се ставени пишаните докази, аудио-визуелни докази како и сите останати списи од предметот.
Од судот го информирале СЈО дека е обезбедена просторија во која ќе може да се изврши увид во доказите, а Јанева вели дека засега се определени четири денови од оваа недела за вршење увид но сепак добиле уверение дека може да прават увид колку што е потребно.
„Во однос на доказите не ни е дозволено да ги земеме и затоа мора да доаѓаме. Ова е нова пракса на Кривичниот суд, бидејќи претходно јас како обвинител сум ги добивала доказите во моето матично обвинителство и сум можела да вршам увид во нив. Логично е да можам слободно да имам увид во доказите бидејќи тие се доставени од Јавното обвинителство и согласно новиот ЗКП тие треба да бидат дадени повторно доколку ги побараме. Бидејќи судот тоа не го удоволува, ние го почитуваме и ќе доаѓаме тука“, рече Јанева по одложувањето на рочиштето за „Пуч“.
Со цел да ги разгледа доказите за предметот, специјалната обвинителка Катица Јанева на 14 јануари се појави во судница и побара судењето да биде одложено за на 2 март.
Овој случај е пропратен со низа одложувања поради непојавуавње на еден од обвинитетите, опозицискиот лидер, на судење, поради како што тврдеше неговото непризнавање на судот како легитимен.
Меѓутоа, после барањата случајот да премине во рацете на Катица Јанева, Специјалното јавно обвинителство ги презема надлежностите над предметот.
После преземањето на предметот од специјалното обвинителство, за првообвинитетиот Зоран Верушевски, кој се товари за шпиоанажа и за насилство спрема претставници на највисоките државни органи беше побарано укинување на притворот и ослободување на осомничениот.
