Според адвокатот Ване Андреев, пријавениот Николов од декември 2013 година до општина Струмица поднел повеќе постапки за трансформација на градежно земјиште и за приватизација и легализација на бесправно изградени објекти. Тој притоа остварил повеќе средби со некои од вработените во oпштината.
СЛУЧАЈ „ПОТКУП“: Заев на распит во обвинителство
Во врска со слчајот „Поткуп“ опозицискиот лидер Зоран Заев денеска треба да се јави во обвинителство.
Заев се сомничи дека наводно побарал 200 илјади евра мито од бизнисмен во Струмица.
Претседателот на СДСМ за време на еден партиски собир јавно го соопшти името на бизнисменот, а за целиот овој случај тврди дека е обид за местенка нарачана од власта.
Неодамна, Заев поднесе кривична пријава против бизнисменот Иван Николов-Сачевалиев за лажно пријавување и нудење поткуп.
Слично
