Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЛУЧАЈ ПОТКУП: Следниот месец ќе се оценува обвинителниот акт против Заев

СЛУЧАЈ ПОТКУП: Следниот месец ќе се оценува обвинителниот акт против Заев

За следниот месец е закажана седница на која Кривичниот суд ќе го оценува обвинителниот акт против опозицискиот лидер Зоран Заев за случајот примање поткуп.

Имено,

Заев се сомничи дека наводно побарал 200 илјади евра мито од бизнисмен во Струмица, и приговорите за овој случај ќе се разгледуваат на 1 јули.

„Советот за оцена на обвинителен акт, кој постапува по поднесениот обвинителен акт од страна на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција против осомничениот З.З., за кривичното дело примање поткуп од членот 357 ст. 5 од КЗ, го прифати барањето на одбраната за одржување седница на која Советот ги цени наводите наведени во приговорите против обвинителниот акт и основаноста на актот во однос на списите и доказите приложени кон него од страна на јавниот обвинител.

Претседателот на СДСМ за време на еден партиски собир јавно го соопшти името на бизнисменот, а за целиот овој случај тврди дека е обид за местенка нарачана од власта.

Неодамна, Заев поднесе кривична пријава против бизнисменот Иван Николов-Сачевалиев за лажно пријавување и нудење поткуп.

Според адвокатот Ване Андреев, пријавениот Николов од декември 2013 година до општина Струмица поднел повеќе постапки за трансформација на градежно земјиште и за приватизација и легализација на бесправно изградени објекти. Тој притоа остварил повеќе средби со некои од вработените во oпштината

Слично

Поврзани вести