Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СЛУЧАЈ ПОТКУП“: На Заев му се суди за наводно мито

„СЛУЧАЈ ПОТКУП“: На Заев му се суди за наводно мито

Опозицискиот лидер денеска ќе седне на обвинтелната клупа во врска со судењето во случајот Поткуп.

Имено, Зоран Заев се сомничи дека наводно побарал 200 илјади евра мито од бизнисмен во Струмица.

Претседателот на СДСМ за време на еден партиски собир јавно го соопшти името на бизнисменот, а за целиот овој случај тврди дека е обид за местенка нарачана од власта.

Неодамна, Заев поднесе кривична пријава против бизнисменот Иван Николов-Сачевалиев за лажно пријавување и нудење поткуп.

За одбраната овој случај е тенденциозен и контрадикторен и уште една политичка местенка за Заев, а според адвокатот Филип Медарски, поткупот не е примен.

Слично

Поврзани вести