Економија, финансии, бизнис

Контакт

Случај „Монструм“: Одбраната бара да се ослободат обвинетите

Случај „Монструм“: Одбраната бара да се ослободат обвинетите

Денеска адвокатите на седуммината осомничени за петкратното убиство кај Смилковското езеро на 12-ти април во 2012 година  во Основниот суд 1 Скопје ги даде завршните зборови.

Четворицата адвокати ги отфрлија обвинувањата и побараа ослободителна пресуда притоа нагласувајќи дека обвинителниот акт се базира на претпоставки и дека обвинителството нема докази дека осомничените се извршители на петкратното убиство.

-„Нема оружје, само гола претпоставка.Нема дирекни очевидци, само заштитен сведок кој погрешно ги опиша обвинетите“.

Осомничените Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Сами Љута, Рами Сејди и Хаки Азири се изјаснија за невини и ги отфрлија обвинувањата и велат дека  случајот Монструм бил монтиран процес.

Во врска со видео материјалите со радикално екстремистичка содржина пронајдени во запленетите компјутери на осомничените, одбраната рече дека тие немаат никаква врска со кривичното дело и дека тие видеа се достапни секому на Интернет.

Обвинителството пак во завршните работи на 30 мај побара најстрога казна за злосторниците.

На судењето беа присутни членови само од семејствата на обвинетите, но не и на жртвите.

Слично

Поврзани вести