Случај монструм-дадилка: Модринките ќе поминат, но кој ќе ја врати довербата и мирот кај родителите и децата?!
Јавноста е згрозена и бара одговорност, адвокатот бара фер судење, обвинителството е на потег!
Случајот со 61 годишната дадилка која физички малтретирала девет месечно бебе отвори низа прашања за реални и секојдневни проблеми со кои се соочуваат родителите:
-Зошто се одлучуваат на ваков вид услуги?
-Дали има доволно место во градинките?
-Дали и таму грижата и негата е на задоволително ниво?
-Има ли системски пропусти на надлежните во контролата кој и како ја врши оваа дејност?
-Дали породилното боледување од девет месеци е доволен период и за родителите и за децата да можат да ги остават на грижа на индивидуални лица или институции?
Видео материјалот кој со скриена камера во нивниот дом го снимиле родителите на бебето, а на социјалните мрежи првично го објави неговата тетка, неофицијално бил сниман околу девет часа во текот на еден работен ден. Останува отворено прашањето колку долго дадилката го малтретирала бебето, бидејќи таа била ангажирана само пет месеци, а сомнежот кај родителите поради видливите модринки по телото на детето траел долго време. По пријавувањето на случајот во полициската станица во Карпош, на адвокатот на обвинетата дадилка покрај видео материјалот му бил покажан и медицински извештај за модринките за што допрва ќе следи расветлување на случајот. Тој бара изземање на доказите бидејќи биле незаконски прибавени, а со јавниот линч вели и се прави непроценлива штета на дадилката која е мајка и баба.
Останува нејасно дали по видеото таа во овој случај ги заборавила големината и одговорноста на овие два збора?!
Од Првата детска амбасада Меѓаши велат дека родителската одговорност кому ќе го доверат детето за чување е клучна во соодветна нега, чување и згрижување на детето. Според директорот Драги Змијанац овој случај на класично занемарување, насилство и негрижа од приватно ангажирано лице од стана на родителите и нивниот очај од виденото и нивната храброст видео записисот да го објават треба да се гледа како придонес , опомена и аларм до сите родители да внимаваат кому ги доверуваат децата за чување.
Снименото на видеото е она што се знае, а може да помислиме колку уште вакви случаи имало и има а кои за жал не се откриени. Од Меѓаши се залагаат услугите во градинките да се доведат на повисоко ниво во испорачување на услугите кон децата, Министертвтото за труд и социјална политика да води строги критериуми во избор и вработување на воспитувачи во градинките, истите да бидат набљудувани од страна на МТСП и родителите секогаш да имаат увид во квалитетот на испораката на услугите кон нивните деца.
“Родителите доколку не успеат да ги вклучат децата во градинка, во приватна градинка или во други алтернативни форми на згрижување и чување во рамките на некоја од компаниите кои отстапиле простор за оваа намена, треба да се обратaт до Агeнции кои имаат негователки со лиценца, лица кои имаат положено испит за негователка, кои се проверени дека не се осудувани и имаат знаења, вештини и емпатија за да се грижат за бебиња и мали деца. Критериумот да се биде негователка или дадилка е барем да се има средно образование, да се положи испит за негователка, независно од стручната подговка на лицето за да се добие лиценца за негователка за грижа и воспитување на дете. Има во Република Македонија две Агенции кои даваат услуги на лиценцирани негователки и кои гарантират содветна грижа за чување, негување и правилен раст и развој на децата од лицата кои ги ангажирате преку Аагенцијата”-вели Змијанац.
Поради поефтината цена на чинење и квалитетот на услугите во рамките на државните градинки многу родители најмногу се заинтересирани децата да ги вклучат во градинка. Цената од 1490 мкд според директорот на Меѓаши е достапна за секој родител и прифатлива за секое семејтво. Но, проблемот вели е со долгите листи на чекање во градинките и тогаш некои од родителите се принудени да ангажираат нелиценцирани негователки затоа што имаат поефтина цена на чинење на извршените услуги, но ризикот е многу поголем кога станува збор за занемарување, насилство и злоупотреба на дете.
“Наша препорака е да се користат услугите во градинките, да се направи силен притисок на Министерството за труд и социјална политика да се прошират капацитетите за згрижување на сите деца во градинките и да се даде огромна важност и значење не само на улогата на згрижување и чување на детето туку и на воспитувањето и образованието кај малите деца на предшколска возраст”-додава Драги Змијанац.
Според Законот за заштита на децата физичко лице може самостојно да врши одредени работи од дејноста згрижување и воспитание на деца како професионална дејност доколку ги исполнува следниве услови:
- да има најмалку средно образование и важечка лиценца за неговател;
- да не му е одземено вршењето на родителско право;
- да има општа и посебна здравствена способност;
- да не му е одземена или ограничена деловната способност;
- да не му е изречена казна со правосилна судска пресуда со која е осудено за кривично дело за семејно насилство, одземање на малолетно лице, негрижа или злоставување на малолетно лице или родосквернавење, за кривично дело од групата на дела против половата слобода, без оглед на изречената санкција и кај кое во согласност со законот е утврдено дискриминаторско однесување.
Слично
