Економија, финансии, бизнис

Контакт

Случај „Машинопромет“: МВР уште трага по Шиповиќ, а сите знаат каде е тој !?

Случај „Машинопромет“: МВР уште трага по Шиповиќ, а сите знаат каде е тој !?
Преседавачот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ по кого полицијата распиша потерница како првооосомничен во акцијата „Претседавач“ вели дека за една недела се враќа во Скопје. Шиповиќ потврдил за Нова, дека по шокантната вест, се враќа порано 12 дена, односно на 15-ти октомври, а во САД заминал поради операција на синот. Од МВР јавија дека Шиповиќ е недостапен , а тој е осомничен за случајот „Машинопромет“, со кој, наводно буџетот бил оштетен за еден милион евра. Изненаден од акцијата на МВР тој вели дека „Машинопромет“ има блокирана сметка со години. „Ние успеавме да и вратиме на државата 500.000 евра во акции, кои со матни зделки беа присвоени од семејството Пајмаковски. На УЈП секој месец и враќаме по 200.000 денари од претходните обврски тие беа многу задоволни. Јас мислам дека ова е поврзано со мојата активност во СДСМ и со функцијата претседател на Советот на општина Центар, каде опозицијата има мнозинство од еден советник“, изјави тој. Претходно се јавија и неговите сопартијци. „Срамота е да се тврди дека Шиповиќ е во бегство, кога и советниците од ДПМНЕ од Центар знаат дека тој е повеќе од три недели во странство поради здравствени причини на член на неговото најтесно семејство“, изјави на денешната прес-конференција, потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски кои исто така обвини дека се работи за хајка која МВР ја започна против претседателот на Советот на општина Центар, и дека таа хајка претставува одмаздничка и политичка, а не правна акција. „Откако не ја заштити општината и советниците од платените демонстранти кои фрлаа со камења, МВР и денес продолжува да води политика и да ја крши уставната и законската гаранција за пресумпција на невиност со голема и веќе видена медиумска злоупотреба“, обвинува Манчевски. Во полициската акција „Претседавач“ спроведена денеска се уапсени повеќе членови на „Машинопромет“ од Надзорниот Одбор, вработени во УЈП и неколку приватни компании. МВР ги сомничи дека ја обезвреднувале компанијата во претстечајната и ги оштетиле доверителите. Стоката од 1 милион евра ја оттуѓиле како безвреден отпад, но ја продале на две други фирми.Шиповиќ е прв на листата осомничени, а полициската акција не е завршена.
Слично

Поврзани вести