Економија, финансии, бизнис

Контакт

Случај „Макпромет“: како Законот за превземање компании го суспендира Законот за превземање компании?!

Случај „Макпромет“: како Законот за превземање компании го суспендира Законот за превземање компании?!
Најголемиот акционер во „Макпромет“ поседува речиси 90 отсто од капиталот и може да си докупува акции без да даде јавна понуда за откуп на сите слободни акции. Токму таа фалинка на Законот за превземање компании создаде правен вакум во кој акција која книговодствено вреди 3.600 денари и носи нето добивка од 283 денари може да се продаде само на едно лице и тоа за 570 денари. И тоа ако сака да ја купи??? Штипскиот стопанственик  Миле Атанасов е доминантен сопственик на штипската компанија „Макпромет“ чии претежни дејности се производство на леб, бели пецива, кондиторски продукти, трговија и графичка индустрија. Атанасов поседува 89,56 отсто од сите акции во „Макпромет“, компанија чија акција е котирана на подсегментот задолжителна котација на берзата. Атанасов може да купува акции без да даде јавна понуда за откуп на сите слободни акции, во случајот со „Макпромет“ тоа се 9,44 отсто од акциите. Затоа што, банално и гротескно, Законот за превземење компании не ги штити интересите на мали акционери доколку во структурата на капитал на компанија котирана на берзата еден акционер поседува над 75 отсто од сите акции со право на глас. Да, во тој случај големиот акционер нема обврска да дава јавна понуда ако реши да докупува акции со кои ќе го зголеми неговото учество во структурата над 75 отсто од капиталот. Во пракса, во случајот „Макпромет“ тоа значи дека 155 домашни физички лица (од кои веројатно најголем дел се вработени или пензионери) кои поседуваат 6.263 акции со право на глас немаат многу алтернативи. Можат да ги продадат нивните акции веројатно по цена што би им ја дал Атанасов или можат да ги чуваат. Доколку ги чуваат можат да се надевааат на дивиденда, но само ако за нејзино доделување и за износот во кој ќе биде доделена се согласи и ја одобри Атанасов како доминантен акционер во таа штипска компанија. Другата алтернатива е да земат 570 денари за акција која книговодствено вреди 3.596 денари и која за 2013 година носи нето добивка од 283 денари. [button color="orange" size="big" link="http://faktor.mk/2014/12/27/granit-so-nova-rekordna-godishna-tsena-aktsijata-na-komertsijalna-padna-najnisko-vo-sedum-mesetsi/" ]„Гранит“ со нова рекордна годишна цена[/button] Во ноември и во декември во два наврати имаше соопштенија од „Макпромет“ објавени на берзата во кои беше соопштено дека Атанасов докупил 20 акции на 21 ноември и уште 57 акции на 16 декември. И во двата наврати Атанасов за тие акции платил 570 денари за секоја акција. Друга понуда нема иако книговодствената вредност на секоја акција на „Макпромет“ изнесува 3.596 денари пресметана согласно со методологијата што ја применува Македонската берза за хартии од вредност. Лани компанијата остварила добивка по акција во износ од 283 денари. Тоа е повеќе од половина од цената што за акциите на малите акционери во ноеври и декември ја плати Атанасов. Тоа значи дека доколку одлучи да исплати дивиденда во полн износ за 2013 година веднаш може да поврати половина од парите со кои ги исплаќа малите акционери. [button color="green" size="big" link="http://faktor.mk/2014/12/27/granit-so-nova-rekordna-godishna-tsena-aktsijata-na-komertsijalna-padna-najnisko-vo-sedum-mesetsi/" ]Aкцијата на „Комерцијална“ падна најниско во седум месеци[/button] Заштитата на мали акционери во пракса во Македонија е маргинална тема. Голем чекор напред беше иницијативата на Министерството за финансии за задолжителна котација на многу компании кои претходно не беа котирани на Официјалниот пазар на нашата берза. Целта беше да се зголеми транспарентноста во работењето на големите газди и на менаџерите на тие компании. Воедно и да се збогати понудата на капитал и да се раздрма летаргијата на нашата берза. Делумно целите беа постигнати, но примерот на „Макпромет“ отвара дискусија за тоа дали требаше паралелно со тоа да се ревидира и Законот за превземање компании со цел да се зголеми заштитата на малите акционери – физички лица кои од големите газди добиваат само плати, а за дивиденди не смее ми да се мисли, а не пак да се праша... Р.Ф.
Слично

Поврзани вести