Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЛУЧАЈ МАКПЕТРОЛ: Снабдувањето со деривати продолжува, острицата на власта отапува?!

СЛУЧАЈ МАКПЕТРОЛ: Снабдувањето со деривати продолжува, острицата на власта отапува?!
Просечната цена на акцијата на Макептрол во текот на вчерашниот ден изнесуваше 19.052 денари и се намали за 2,3% во однос на понеделникот. А Во истовреме додека јавното обвинителство одлучуваше дали ќе побара деблокирање на сметките на компанијата, а министерството за економија анализираше дали блокираните сметки на нафтената компанија ќе доведат до енергетска криза, на Македонската берза цената на акцијата на Макпетрол изнесуваше 19.052 денари и се намали за 2,3% во однос на понеделникот, а на берзата вчера беа истргуваи 19 акции на оваа компанија.   Анализата покажува една акција на Макпетрол минатиот четврток, (кога беа поднесени крвични пријави за раководството на компанијата) изнесуваше 18.872 денари и беа истргувани 35 акции, следниот ден односно во петокот цената скокна на 19.364 денари и беа истргувани 55 акции, потоа во понеделникот цената на акцијата стигна до 19.502 денари, а се истргуваа 65 акции, додека вчера, цената на акцијата се намали. Или, од поднесувањето на крвичните пријави па до вчера со акцијата на Макпетрол е направен промет од близу 55 илјади евра.   Јавното обвинителство му предложи на судот да ја уважи жалбата на Макпетрол и Оилко и да ги деблокира банкарските сметки на компаниите, но истовремено да се врши следење на платниот промет и трансакциите на овие две друштва. Сметките на ккомапниите беа блокирани веднаш по поднесувањето на кривичните пријави за 21 раководно лице во Макпетрол. Ваквата разврска, од Јавното обвинителство објаснуваат дека следува отако од медиумите до нив стигнала информација за можна проблеми на енергетскиот пазар со блокирањето на сметките на Макпетрол, па затоа дополнително побарале нови докази од компанијата. „Основното јавно обвинителство – Скопје постапувајќи по допрен глас (информации објавени во медиумите) во текот на вчерашниот ден прибави дополнителни докази од Макпетрол АД – Скопје, од кои се утврди потребата од ослободување на сметките на друштвото со цел овозможување непречена работа, како на Макпетрол АД Скопје во рамките на исполнување на веќе преземените обврски за снабдување со енергенси на други субјекти, така и со цел овозможување на работата на трети правни лица во кои Макпетрол АД Скопје се јавува како единствен содружник и извор на финансиски средства за нивното работење. Од тие причини во рамките на жалбената постапка што се води пред Основниот суд Скопје 1 – Скопје, по повод изјавената жалба од правните лица Макпетрол АД и ОИЛКО КДА – Скопје против донесеното решение на судијата на претходна постапка за обезбедување на имотот и за привремено запирање на извршување определени финансиски трансакции, доставен е одговор на жалба од Основното јавно обвинителство – Скопје, во кој е даден предлог жалбата на решението во делот на ослободување на банкарските сметки да биде уважена, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство. Предупредување на Макпетрол Три дена по поднесувањето на кривичните пријави за раководството на нафтената компанија, и по блокирањето на сметките и имотот на Макпетрол и Оилко, од Макпетрол, испартија писмено предупредување до надлежните институции, во кое предупредија дека блокираната сметка ќе предизвика неможност за плаќање на обврските по основ на превземени нафтени деривати и природен гас во однос на тековните договори од добавувачите, пред се од Окта и Газпромекспорт. При тоа нафтената компанија предупреди дека некои рурални средини и градови же останат целосно без можност да се снабдат со гориво, пред се на ние места каде има само бензински станици на оваа компанија. Како предупредување се наведени Канатларци, Добрушово, Ропотово, Жупа, Крушево, Конче, Дојран, Пехчево, Кратово, Делчево, Македонска Каменица, Маврово,Јегуновце и Вратница. Компанијата во писменото предупредување упатено до надлежните институции, во однос на снабдувањето со природен гас, со договорот што го има со Гаспромекспорт, предвидено е авансно месечно плаќање на договорените количини, поради Макпетрол посочува дека се очекува прекин во снабдувањето со природен гас со ппочетокот на идниот месцц, затоа што со блокираните сметки, Макпетрол нема да биде во можност авнсно да плати. Од нафтената компанија, дополнително објасниле и дека тоа ќе се одрази врз работењето на компаниите кои работат на природен гас.Тие компании ќе треба се преоринтираат на алтернативно гориво со цел да го одржат производството со што ќе им се зголемат трошоците. Истото, предупредува Макпетрол, ќе се случи и со помалите потрошувачи кои се снабдуваат од Промгас кој е лиценциран снабдувач на пазарот, а има договор со Макпетрол за набавка на природен гас. При тоа се наведува дека станува збор за 33 потрошувачи меѓу кои Клинички Центар, Министерство за одбарана, ГОБ 8-ми Септември, 4 училишта од ГАРДОТ Скопје, ТИРЗ Бунарџик, и дистрибутерот Куманово гас. Но, Макпетрол посочува и дека без мазут ќе останат РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј, но и дека како единствени снабдувачи со керозин за леталата кои оперираат на двата аеродроми во земјава,може да се јават проблеми, бидејќи залихите биле за три дена, а со неможноста за натамошен дотур на млазно гориво, ќе се создаде ситуација ниту еден авион да не може да се снабди со керозин, објаснуваат од Макпетрол. Незири: Нема енергетска криза, туку само реални проблеми на терен ако не работи Макпетрол Писменото предупредување до надлежните институции резултираше со состанок во министервото за економија лиценцираните трговци на нафта, нафтени деривати и природен гас во Македонија и претседателот на Македонската енергетска асоцијација Но, на средбата било констатирано дека евентуалното неработење на Макпетрол нема да предизвика енерегетска криза во земјава, но дека може да се очекуваат проблеми на терен. „Во Македонија нема енергетска криза, но ќе имаме реални проблеми доколку продолжи блокадата на сметката на АД Макпетрол. Не сакам да ги коментирам процедурите што ги спроведуваат судовите, но како министер за економија секогаш ќе застанам во заштита на компаниите и на малцинските акционери, а во ниеден случај нема да го поддржам незаконското работење. Мојот став е дека треба да се биде многу внимателен кога се носи одлука којапредизвикува последици за економијата, индустријата и граѓаните. Во овој момент најважно е што од компаниите добив уверување дека граѓаните нема да имаат проблеми во снабдувањето со нафтените деривати, а ќе се направат напори и индустријата да нема проблеми со снабдувањето со гас. Тројца од увозниците на гас денеска ме уверија дека ќе направат напори да го покријат снабдувањето со гас што го врши Макпетрол, но единствен проблем е што тој гас треба да се дистрибуира преку ГАМА, чиј мнозински  акционер е Макпетрол “,изјави министерот за економија Беким Незири. Во делот на снабдувањето со нафта и нафтени деривати, компаниите уверувале дека проблем нема да се појави. „Според податоците, ОКТА е најголемиот увозник со 43% од структурата на увозот. На Лукоил отпаѓаат 13%, а 44% вкупно на останатите помали увозници, кои увезуваат за сопствени потреби. Во делот на потрошувачка на нафтени деривати, Макпетрол се јавува со 37%, а останатите со 63%. Притоа, дури 32 субјекти се носители на лиценци за трговија со нафтени деривати.  Од аспект на трговија на мало со горива, од вкупно 245 бензински пумпи, на се Макпетрол 124 (според Централен регистар), а на останатите трговци на мало 121. Во повеќето општини има бензински пумпи и од други трговци, освен Макпетрол, но тоа не е случајот со 11 општини, но,  пумпите во соседните општини можат да ја превземат оваа функција, а субјектите се подготвени да одговорат на барањата на граѓаните, односно да ги зголемат количините на горива во овие заменски пумпи и со тоа состојбата во овој сектор да биде стабилна. Воедно, дел од трговците ја споменаа и можноста за инсталирање на мобилни пумпи во овие места, со цел да се спречат евентуалните проблеми на граѓаните“, објаснија во  министерството за економија. Анализите покажале дека не се очекуваат проблеми ниту со снабдување со мазут „Што се однесува до мазутот, вкупната потрошувачка на мазут е 118.295 тони, од кои најголемите потрошувачи се ЕЛЕМ (35%) и ФЕНИ (51%), а останатите со 14%.  Според законот, производителите на електрична енергија треба да имаат во секое време оперативни резерви за 15-дневни потреби за работа со максимален капацитет. „Со ЕЛЕМ сме во континуирана комуникација и според информациите од нив, овие количества на резерви се дури и поголеми од пропишаните, па единствено ќе биде потребно ЕЛЕМ во меѓувреме да објави оглас за избор на нов снабдувач, потенцираа од министерството за економија. Во однос на снабдувањето со мазут за РЕК Битола и Осломеј, на прес конференцијата во министерството беше објаснето дека ЕЛЕМ има резерви за 25-дневно работење и дека ОКТА нема проблем да ја снабди компанијата со мазут, а единствено ќе биде потребно ЕЛЕМ да објави оглас за избор на нов снабдувач. Како покритична беше оценета  состојбата со снабдувањето со гас, особено од аспект на работењето на деловните субјекти, од кои дел и најголемите странски инвеститори. „Имено, во Република Македонија Регулаторната комисија за енергетика има издадено 15 лиценци за трговија со природен гас и 5 лиценци за снабдување со природен гас, од кои активни трговци се само три субјекти во моментов (Макпетрол АД, АД ТЕТО ГАС ТРЕЈД ДООЕЛ и КОГЕЛ СТИЛ ДОО), додека активен снабдувач е единствено Макпетрол-Пром гас. Притоа, во вкупната потрошувачка на природен гас АД Макпетрол Скопје како трговец снабдува 37%, додека останатото количество од 63% се обезбедува од страна на трговци од  странство. Дури 25 фирми снабдувани од страна на АД Макпетрол Скопје имаат можност природниот гас да го супституираат со друг енергенс, но 14 немаат таква можност, а 4 фирми воопшто не работат. Во овој сегмент неопходно ќе биде да се изготви акционен план за надминување на евентуалните проблеми за деловните субјекти“, објаснува во министерството за економија. Уште еден проблем што го посoчиле трговците на нафта е фактот дека Макпетрол“ на „Окта“ дневно и плаќал од 900.000 евра до еден милион евра за набавка на нафтени деривати. „Окта“ ги има потребните количини за снабдување на македонскиот пазар, но проблем е која, или кои компании заедно, ќе обезбедат на дневна основа толкава  сума на пари. - Компаниите кои имаат лиценца за трговија со нафтени деривати изјавија дека се подготвени да ги обезбедат количините што се увезуваат. Но, износот што секојдневно „Макпетрол“ го плаќа е многу голем и ќе има финансиски проблем некоја компанија, или пак повеќе компании поединечно да обезбедат токлу пари. Секако, тука ќе треба банкарски кредити, а Министерството за економија ќе направи се да помогне – информираа во министервото за економија. С.Н.
Слично

Поврзани вести