Случај Гошинце: Напаѓачите имале помагачи
Првите резултати од истрагата по повод нападот на полициската караула кај селото Гошинце покажуваат дека групата напаѓачи со ознаки на УЧК дошле од Косово.
Тие најверојатно, дошле од два автомобила во кои го пренеле наоружувањето и униформите, изјавил помошникот на министерот за внатрешни работи Иво Котесвки.
Котевски за дневник рекол дека досегашните резултати од истрагата покажале дека маскираните напаѓачи веројатно се паркирале понатаму од полициската караула Гошинце , на која и пријделе пеш, како и што се оддалечиле од местото на нападот.
„Практично е невозможно да отишле кон македонската страна бидејќи патот во тој правец не е возможен за патнички возила. Во овој момент не можеме да кажеме дека напаѓачите се идентификувани, на тоа се работи“, рекол Котевски.
Според наводите на МВР , постојат сознанија дека напаѓачите на полициската караула во Гошинце имале логистичка помош од некое секо во граничниот појас помеѓу Косово и Македонија но уште не е утврдено за каква помош се работи.
Портпаролот на Косовската полиција Баки Кељани после нападот изјавил дека „косовските власти“ не забележале никакви сомнителни активности во близина на границата со Македонија“, а по повод нападот на македонската гранична полиција вчера оперативци на МВР имаа состанок со своите колеги од Косово.
Во нападот кој МВР го оцени како терористичи чин, група од 40 маскирани напаѓачи во униформи со ознаки на УЧК, кои меѓусебе говореле албански јазик, ја заземаа во вторникот 21 април во 02.30 полициската караула кај селото Гошинце.
Напаѓачите разоружале и заробиле четири присутни полицајци, а им ги земале и мобилните телефони и средства за телекомуникации и им рекле после 30 минути од нивното заминување да ја напуштат караулата или ќе бидат ликвидирани.
Ден после заземањето на полициската караула, преку соопштение, чија веродостојност не е можно да се утврди, на албанските медиуми во Македонија им се обрати досега непознатиот „Капетан Фљамури“ кој во име на УЧК ја презеде одговорноста за нападот на полицајците , кој помеѓу останатото наведува дека „нападот е изведен поради дискриминација на Албанците“ кои ги повика на востание.
Соопштението на УЧК, за Ослободителната војска на Косово (овк) и за Ослободителната национална армија ОНА која дејствуваше во Македонија во текот на судирите во 2001, го отфрли албанската партија ДУИ, чиј лидер Али Ахмети се наоѓаше на чело на ОНА во текот на судирите, а сега е коалиционен партнер во владата на Груевски.
ДУИ во соопштението оцени дека „инцидентот кој се случи во Гошинце е атак кој пред се и нанесе штета на албанската агенда во Македонија и регионот“ и побарал од надлежните институции да го расветлат што побрзо овој случај.
Јавноста е поделена по повод инцидентот во полициската караула во Гошинце.
Независните и опозиционите медиуми го обвинуваат премиерот дека го исценирал инцидентот дека за да со предизвикување на меѓуетнички тензии го сврти вниманието на јавноста од аферата поради обвинувањата за прислушуваните разговори.
Лидерот на опозицијата пак Зоран Заев рече дека нападот на караулата го организирала некоја банда или го исценирала власта.
„Како и да е во секој случај одговорноста за овој настан треба да ја преземат првите луѓе во МВР, Управата за безбедност и контраразузнавање и Бирото за јавна безбедност“, рече Заев.
