СЛУЧАЈ „ДИВО НАСЕЉЕ“: Сведоци тврдат дека полицијата ги малтретирала!
Во Кривичниот суд денеска продолжува сослушувањето на нови сведоци за случјаот „Диво насеље“.
Во главниот град има засилени безбедносни мерки, а претходното рочиште и сослушување се одвиваше без новинари поради премалата просторија каде беа сослушувани петмина полицајци.
Според она што го пренесуваат дел од медиумите, еден сведок во судскиот процес за мајските инциденти во Куманово изјавил дека полицијата пет часа ги малтретирала, никој не смеел да ја напушти куќата, а како последица на шок и трауми починало едно постаро лице.
„Бевме опколени не знаевме што се случува, бевме малтретирани, не можевме да мрднеме имаше и тепање, изјавила Артизана Фејзулаи и додаде дека полицијата им рекла дека го бара татко и Фадиљ и дека пукале во дворот.
Нејзиниот татко е еден од обвинетите во случајот.
Таа тврдела дека никој од нивното семејство не пукал кон полицијата и дека сите кои биле во моментот на акцијата дома биле заспани.
Судскиот процес во моментов се одвива под засилено полициско обезбедување и хеликоптерско прелетување.
