Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЛУЧАЈ „ДИВО НАСЕЉЕ“: Сведоци ќе се сослушуваат и денеска!

СЛУЧАЈ „ДИВО НАСЕЉЕ“: Сведоци ќе се сослушуваат и денеска!

На деветти февруари започна судењето на обвинетите за кумановскиот инцидент и истото продолжува денеска со закажано рочиште за во 10 часаот. 

Во ноември минатата година Основното јавно обвинителство поднесе обвинение против 29 лица за кривични дела „терористичка организација” и „тероризам”, за настаните од 9 мај во кумановската населба „Диво Насеље“ минатата година, кога беа убиени осум припадници на полициските единици, а 37 беа повредени, додека во акцијата беа убиени и 10 припадници на вооружената група.

На претходното рочиште сведочеа тројца сведоци предложени од обвинителството, меѓу кои ќерката и сопругата на еден од обвинетите.

30-мина припадници на терористичката група одговараат за злосторството кое заврши крваво и во кое беа убиени  8 полицајци, а 42-ца беа тешко повредени.

На претходното сослушување на сведоците еден сведок во судскиот процес за мајските инциденти во Куманово изјавил дека полицијата пет часа ги малтретирала, никој не смеел да ја напушти куќата, а како последица на шок и трауми починало едно постаро лице.

„Бевме опколени не знаевме што се случува, бевме малтретирани, не можевме да мрднеме имаше и тепање, изјавила Артизана Фејзулаи и додаде дека полицијата им рекла дека го бара татко и Фадиљ и дека пукале во дворот.

Нејзиниот татко е еден од  обвинетите во случајот.

Таа тврдела дека никој од нивното семејство не пукал кон полицијата и дека сите кои биле во моментот на акцијата дома биле заспани.

Слично

Поврзани вести