Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЛУЧАЈ ДИВО НАСЕЉЕ: На обвинетите им се суди зад очите на јавноста

СЛУЧАЈ ДИВО НАСЕЉЕ: На обвинетите им се суди зад очите на јавноста

Зад затворени врати и тајно од очите на јавноста продолжува судењето на обвинетите во случајот Дива населба.

На денешното рочиште ќе се читаат искази на заштитените сведоци кои беа сослушани за време на главната расправа.

37 обвинети за тероризам и логистичка поддршка во кумановските мајски инциденти тврдат дека не се виновни и дека не се терористи. Не се чувствуваат виновни ниту новите приведени од акцијата „Молња“.

Судскиот процес за „Диво Насеље“ почна од почеток, откако Кривичниот суд одлучи кон процесот за 29 лица обвинети за тероризам да ги приклучи и 8-мината осомничени за логистичка поддршка на оваа терористичка група. За судскиот процес се бараше и соодветна просторија.

Лани на 9 и на 10 мај во кумановско Дио Насеље вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени.

Слично

Поврзани вести