Случај Беко: Нови докази и сведоци!
Полицијата дошла до нови докази и сведоци за нападот и повредувањето на Милан Беко, изјавил за Радио Б92 началникот на Управата на белградската полиција Велелин Милиќ.
Милиќ за Радио Б92 рекол дека се направени ДНК анализи и дека верува оти случајот ќе биде брзо решен.
Беко се здобил со тешки повреди, опасни по живот и е опериран. После операцијата Милан Беко е стабилен.
Во нападот на Беко учествувале две лица.
Министерот за внатрешни работи на Србија Небојша Стефановиќ рекол дека истражните органи го имаат описот на еден до напаѓачите на Милан Беко.
Во нападот на Милан Беко учествувале две лица, кои не се професионалци. На Беко е пукано со помалку од метар, испукани се четири зрна, но не го погодиле сите Беко, на кој не му е повреден ниту еден витален орган“, наведува Стефановиќ.
Премиерот на Србија Александар Вучиќ рекол дека надлежните сигурно ќе откријат кој го извршил нападот на Милан Беко.
„Ова секако не било професионално изведено, не станува збор за обид на професионално убиство“; рекол Вучиќ.
Милан Беко, кој е тешко повреден пред својата куќа, е еден од најбогатите луѓе во Србија. Поопширно за Милан Беко прочитајте во посебната вест!
